Капитенот на францускиот тим, Килијан Мбапе, употреби навредливи зборови кон полскиот голгетер Роберт Левандовски за време на натпреварот меѓу Франција и Полска од третото коло на ЕВРО 2024. Во 88. минута, при меѓусебен дуел, Левандовски го удри Мбапе со рака, по што Французинот веднаш реагираше и го навреди Полјакот.
Мбапе ја симна својата заштитна маска и го нарече напаѓачот на Барселона – „кучкин син“.
Тензијата меѓу двете големи ѕвезди беше смирена по последниот судиски свиреж, кога тие се прегрнаа и си разменија неколку зборови.
Натпреварот меѓу Франција и Полска заврши 1-1, а токму Мбапе и Левандовски беа стрелци, и тоа од белата точка.