ПСЖ е противникот на Олимпик Лион во финалето на Купот на Франција откако вечерва на „Паркот на принцевите“ со минимални 1:0 го победи Рен.
Херој на Светците е Килијан Мбапе, кој го постигна единствениот гол на натпреварот, и тоа во 40-тата минута.
Три минути претходно, Мбапе не го реализира ударот од белата точка.
Во првото полуфинале, Олимпик Лион со 3:0 го совлада Валенсиен.