Мбапе го однесе светскиот шампион во нокаут-фазата (Видео)

Првата пресметка на Светското првенство во Катар меѓу репрезентации што во топ 10 на ФИФА ранг-листата, му припадна на светскиот шампион кој прв обезбеди пласман во нокаут фазата. Франција на крилјата на Килијан Мбапе кој беше двоен стрелец, со 2:1 ја совлада Данска.

Французите по две кола имаат шест бода во групата Д и први си обезбедија пласман во нокаут-фазата бидејќи второпласираната Австралија која има три бода, ја совладаа во првото коло со убедливи 4:1.

Данска и Тунис останаа на еден бод. Во третото коло, Франција ќе игра против Тунис, додека Данска ја очекува дуел со Австралија.

https://twitter.com/i/status/1596554582787821575

Французите поведоа во 60-та минута со голот на Килијан Мбапе по асистенцијата на Тео Ернандес.

Но, радоста на Триколорите траеше само седум минути бидејќи Данците успеаја во првиот шут во рамките на голот на Уго Лорис, да ја затресат мрежата. Стрелец на израмнувачкиот гол беше Андреас Кристенсен во 67-та минута по одлично изведениот корнер на Андерсен.

Сепак, Килијан Мбапе со голот четири минути до крајот и донесе триумф на Франција и воедно пласман во нокаут-фазата.

- Оглас -

Најнови вести