Мбапе го одработи првиот тренинг со Реал и имаше само една едноставна порака !

Екипата на Реал Мадрид се врати од американската турнеја, каде што одигра три меча и во својата база ги продолжи подготовките во пресрет на новата сезона. Од вечерва, на тренинзите во составот се приклучи и Килијан Мбапе, најголемото засилување на Кралскиот клуб во летниот преоден рок.

Мбапе одработи тренинг во сала и во вежбална, а потоа објави неколку фотографии на социјалните мрежи со една едноставна порака.

„Прв ден. Напред Мадрид!“, беше пораката од Мбапе, кој беше во друштво на тренерот Карло Анчелоти и новите соиграчи. По седум години поминати во Пари Сен Жермен, Мбапе реши да ги напушти Светците и како слободен играч потпиша за Реал Мадрид, каде што беше преставен како нов играч на 16 јули, и тоа пред 80.000 навивачи на „Сантијаго Бернабеу“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

- Оглас -

Најнови вести