30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Мбапе го „поздрави“ ПСЖ со тужба, на Французите им се заканува исфрлање од ЛШ

Францускиот ас Килијан Мбапе не само што бесплатно реши да го напушти Пари Сен Жермен и да замине во Реал Мадрид, туку одлучи да му зададе последен жесток удар на својот поранешен клуб.

И покрај профитабилните понуди да остане во ПСЖ и да стане легенда на клубот, Мбапе одлучи да ги исполни своите соништа и да се пресели во Реал Мадрид. Еден од најдобрите фудбалери на денешницата бесплатно премина во Реал по истекот на неговиот договор со ПСЖ, а во Мадрид веќе одигра два официјални натпревари, постигна еден гол и го освои Суперкупот на Европа.

Сепак, тој не го заборави ПСЖ. Но, неговиот однос со парижаните веќе не е толку добар, па реши да го потсети поранешниот клуб на свој начин – со тужба.

Реномираниот француски весник „Ле Монд“ пренесува дека Мбапе решил да поднесе тужба против ПСЖ и ја предал до УЕФА и до Француската професионална фудбалска лига (ЛФП).

Мбапе пријавил дека ПСЖ не му ги исплатиле парите кои му ги должат, а станува збор за сума од 55 милиони евра во неисплатени плати и бонуси. Она што може да биде најлошо за ПСЖ е дека доколку бидат прогласат за виновни, а тоа е речиси неодминливо, францускиот клуб се соочува со ризик да биде исфрлен од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести