Килијан Мбапе со голот против Јувентус во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите стана најмладиот играч кој постигнал 40 гола во елитното натпреварување.
Мбапе против Јувентус дојде до бројката од 40 гола во ЛШ со 23 години и 316 дена и успеа да го надмине досегашниот рекорд на Лионел Меси, кој до истата бројка дојде со 24 години и 130 дена.
Но, сè поизвесно е дека рекордот на фудбалерот на ПСЖ во скора иднина ќе биде соборен од Ерлинг Халанд.
Норвежанецот веќе ги собори рекордите на Мбапе за најмлад играч кој постигнал 15,20,25 и 30 гола во Лигата на шампионите и има 19 месеци да постигне 12 гола и да го собори и овој рекорд на францускиот репрезентативец.