31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Мбапе го сруши рекордот на Ди Стефано стар повеќе од 70 години

Реал Мадрид со пресврт стигна до победа од 2:1 против Мајорка во меч од 36-тото коло во Примера дивисион. Кралскиот клуб губеше со 0:1 на полувреме, но во вториот дел постигна два гола и стигна до победа.

Килијан Мбапе уште еднаш покажа дека е лидер на тимот. Францускиот голгетер погоди за 1:1, а потоа во 90+5 минута Кралскиот клуб направи целосен пресврт. 

Голот што Мбапе го постигна против Мајорка е 28-ми погодок сезонава во 32-риот меч што го одигра во Примера. Со овој биланс од 28 гола, Мбапе постави нов рекорд во Реал. Тој е фудбалерот кој постигнал најмногу голови во првата сезона откако дошол во клубот.

Претходно овој рекорд го држеше легендарниот Алфредо ди Стефано, кој имал постигнато 27 гола во првата сезона во дресот на Реал Мадрид, а тоа било во сезоната 1953/54.

- Оглас -

Најнови вести