Мбапе го сруши рекордот на француската легенда од 1958 година

Франција минимално со 1:0 ја победи Грција во меч до групата Б во квалификациите за Европското првенство следната година. Килијан Мбапе беше стрелец на единствениот гол, и тоа од пенал во 55-тата минута.

Овој гол на Мбапе не само што им донесе три бода на Галските петли, кои останаа перфектни со 12 бода од четири меча, туку францускиот голгетер постави еден необичен рекорд.

За Мбапе ова беше 54-ти погодок постигнат во оваа сезона и со тоа го надмина рекордот на легендарниот Жист Фонтен. Мбапе постигна 41 гол за ПСЖ и 13 за репрезентацијата и само за еден погодок го надмина Фонтен, кој во далечната 1958 година сезоната 1957/58 ја заврши со 53 погодоци. На Светското првенство во 1958 година Фонтен постигна 13 гола, што уште е рекорд по бројот на погодоци на еден Мундијал.

- Оглас -

Најнови вести