Со завршувањето на зимскиот преоден рок на 31 јануари, веднаш започна ново продолжение од сагата Килијан Мбапе во Реал Мадрид и најновата вест е дека Французинот е подготвен да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ под еден услов.
Медиумите пишуваат дека Мбапе им поставил ултиматум на челниците на Реал Мадрид – налето ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ ако Кралевите во исто време го купат и неговиот голем пријател, Ашраф Хакими.
Kylian Mbappé wants Achraf Hakimi to join him at Real Madrid |https://t.co/jXqQytBeEx
— Andrew R (@kidcue) February 21, 2023
Интересно е што Хакими беше член на Реал Мадрид до 2020 година, кога беше продаден на Интер и само по една година во Милано, се пресели во ПСЖ.