Францускиот ас Килијан Мбапе, кој е прва ѕвезда на Реал Мадрид, детално говореше за Ламин Јамал во интервју за „Мувистар“. Напаѓачот на Реал Мадрид ги пофали фудбалските вештини на Шпанецот, но истовремено нагласи дека не треба да се суди за неговиот живот надвор од теренот.
„Се гледа дека има огромна страст кон фудбалот и тоа е единственото нешто што не треба да го изгуби. Сè останато е поврзано со неговиот приватен живот. Треба да го оставиме на мир“, категорично изјави 27-годишниот напаѓач.
„На теренот тој е одличен играч, но во животот е 18-годишно момче кое сака да ужива. На оваа возраст сите прават грешки. Правиш добри работи, правиш и лоши… На крајот, тој ќе стекне животно искуство. Ќе научи што е добро за него и ние треба само да гледаме што прави на теренот. Сè што прави надвор од теренот нема значење, сè додека не е нешто сериозно. Има огромен талент и ќе го следи патот што ќе го избере. Му посакувам среќа“, изјави Мбапе заштитувајќи го младиот суперталент на Барселона.