Мбапе го знае името на неговиот нов клуб и точно знае кога ќе го соопшти тоа

Изминатиов викенд, Килијан Мбапе со Пари Сен Жермен се израдува на уште една освоена титула во француското првенство. Сепак, оваа сезона за ПСЖ не е усшешна, затоа што тимот атакуваше на трофејот во Лигата на шампиони, а таму беа исфрлени уште во осминафиналето од Реал Мадрид.

Актуелниот договор на Мбапе со ПСЖ е до крајот на сезоната, а јасно е дека францускиот репрезентативец нема да остане на „Паркот на принцовите“. Реал Мадрид ќе биде следната дестинација на Мбапе, но според најновите информации, тоа нема да биде соопштено до 21 мај.

На 21 мај завршува француското првенство, а Мбапе од почитување кон својот сегашен клуб не сакал да открива дека ќе си замине, се додека има обврски кон Светците.

- Оглас -

Најнови вести