Мбапе и Халанд уриваат рекорди и пишуваат историја, голем проблем за Реал Мадрид

Килијан Мбапе со два гола му донесе предност на ПСЖ од 2-0 против Јувентус и стана играч кој најбрзо (за 22 минути) постигнал два гола во ЛШ на еден меч против Старата дама.

Мбапе е најмлад играч кој постигнал 35 гола во ЛШ.

Историја продолжува да испишува и Ерлинг Халанд, кој со својот 24-ти гол на 20-тиот меч во ЛШ му донесе предност на Манчестер сити против Севилја. Халанд е четврти фудбалер во историјата кој дава гол на дебито во ЛШ во три различни клубови, а досега никој не постигнал 24 гола на првите 20 настапи. Зад него се Инѕаги и Ван Нистелрој, на кои им требаа 29 меча за да дадат 24 гола.

Актуелниот европски првак Реал Мадрид има 0-0 по првото полувреме на гостувањето кај незгодниот Селтик, а голем проблем за Шпанците е што се повреди нивниот единствен класичен напаѓач и капитен Карим Бензема.

- Оглас -

Најнови вести