9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Мбапе и Камавинга го покорија Билбао (Видео)

Реал Мадрид се врати на победите во Ла Лига откако славеше убедливо со 0-3 на гостувањето кај Атлетик Билбао. Кралскиот клуб немаше триумф на последните три натпревари во првенството, но вечерва беше на ниво на тешкото гостување.


Килијан Мбапе беше херој на мечот, со два гола и асистенција за Едуардо Камавинга.
Мбапе го отвори резултатот во седмата минута со одличен удар, а во 42-рата минута со глава одигра повратна топка на центарштутот на Трент Александер-Арнолд и го проигра Камавинга за 0-2.

Во 59-тата минута Мбапе стави точка на триумфот со вториот погодок.

По оваа победа, Реал Мадрид со 36 бода се наоѓа на втората позиција само со бод заостанување зад лидерот Барселона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести