Мбапе и на подготовките е незапирлив: Фантастичен дриблинг и гол од „мртов агол“ (Видео)

Екипата на Пари Сен Жермен е на подготовки во Јапонија каде денеска игра контролен меч против Урава. По првото полувреме, ПСЖ води со 2:0, покажувајќи дека Светците сериозни се влезени во овие подоготовки.

Францускиот првак поведе со голот на Сарабија во 16 минута и тоа по асистенција на Икарди. Потегот кој го одбележа првото полувреме се случи во 35 минута кога свое шоу имаше Килијан Мбапе.

Голгетерот на ПСЖ доби една топка и со сјаен дриблинг успеа да се ослободи од противникот, а потоа тргна кон противничкиот гол, но беше многу откосо. Иако многумина играчи не би шутирале од таа позиција, Мбапе покажа дека има решение за се, па успеа речиси од „мртов агол“ да ја погоди мрежата на противникот, иако голманот стоеше буквално на првата статива.

- Оглас -

Најнови вести