Мбапе и Нејмар остануваат засекогаш во Париз

Шпекулациите дека Килијан Мбапе и Нејмар може да си заминат во Пари Сен Жермен на крајот од сезоната ги демантираше претседателот на францускиот првак, Насел Ал Келафи. Првиот човек на клубот е убеден дека двете најголеми ѕвезди на Светците, не само што ќе останат во клубот и следната сезона, туку таму ќе бидат до крајот на нивните кариери.

„Мбапе и Нејмар се парижани и засекогаш ќе останат во Париз“, вели богатиот сопственик на ПСЖ, Ал Келафи.

ПСЖ синоќа се избори за место во четвртфиналето од Лигата на шампини, откако по двомечот со Барселона победи убедливо со 5:2.

„Голема чест е пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Веќе го имаме заборавено тоа што се случи пред четири години со Барселона. Тоа е оставено за во историјата. Ние сега успеавме да елиминираме еден силен тим како што е Барселона. Веќе сме дел од најдобрите осум екипи“, задоволно коментираше АЛ Келафи.

ПСЖ минатата сезона стигна до финалето на ЛШ, но не успеа да стигне до првиот историски трофеј, откако загуби минимално со 1:0 од Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести