Мбапе и Нејмар покажаа зошто се најскапи на светот, ПСЖ имаше уште еден голем јунак (Фото)

Килијан Мбапе со два гола и Нејмар со две асистенции како булдожери го урнаа еврпскиот првак Баерн и покажаа зошто за нив ПСЖ плати 400 милиони евра вкупно како најскап тандем на светот, но Светците имаа уште еден голем јунак во победата од 3:2 во Минхен.

Кејлор Навас бранеше импресивно, во неколку ситуации спасуваше чисти голови и успеа да го израмни рекордот на Мануел Нојер токму на меч против него.

На Костариканецот му изброија точно 10 одбрани, исто колку што имаше Нојер во 2017 година против Реал Мадрид, и тоа е рекорд во четвртфиналните мечеви во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/OptaJose/status/1379904566368555010?s=20

ПСЖ во одличен меч успеа да му се реваншира на Баерн за поразот во финалето лани со 0:1, но сè уште не е готово бидејќи треба да се игра и реванш во Париз на 13 април, по кој ќе биде познат патникот во полуфиналето во Лигата на шампионите.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести