Мбапе и Винисиус погодуваа, но асистенцијата на Модриќ беше потег на мечот (Видео)

Реал Мадрид со 2-1 победи на непријатното гостување кај Селта и во моментов се изедначи со Барселона по бројот на бодови.

За Реал ова е седма победа по ред на „Балаидос“ против Селта, а Реал има и серија од 42 меча по ред без пораз во Ла Лига, и на следниот меч против Барса ќе има шанса да го изедначи шпанскиот рекорд.

Стрелци за Кралскиот клуб беа Мбапе и Винисиус. Првиот погодок беше со одличен шут од далечина на Французинот, а при вториот, Лука Модриќ имаше мајсторска асистенција.

https://twitter.com/i/status/1847736342286852349

- Оглас -

Најнови вести