Мбапе игра на реваншот во Манчестер, УЕФА одреди судија кој не го обожуваат Реал и Челзи

Пари Сен Жермен ја објави пријавната листа за утрешното гостување кај Манчестер сити во реванш дуелот од Лигата на шампионите, а на списокот се наоѓа и Килијан Мбапе кој имаше повреда и не играше викендов. Сепак, Мбапе е доволно подготвен да му помогне на својот тим на реваншот.

На првиот меч Мбапе беше целосно неутрализиран, не шутна ниту еднаш кон голот на Сити, и сега ќе биде мотивиран да се покаже во многу подобро издание. ПСЖ сезонава подобри игри прикажуваше на гости отколку дома, па затоа се надеваат дека може да го елиминираат англискиот претставник од кој пред пет дена на свој терен беа поразени со 1-2.

УЕФА го одреди Италијанецот Даниеле Орсато за главен судија на дуелот Челзи – Реал Мадрид кој се игра в среда во Лондон и меч кој ќе го одреди вториот финалист во ЛШ. Првиот дуел во Мадрид заврши 1-1.

Орсато е судија кој им носи многу среќа на гостинските тимови, кога тој судел, околу две третини од средбите добивале гостинските екипи. Така беше и лани во Мадрид кога Реал загуби од Манчестер сити. Орсато е единствениот судија кој на ист меч во ЛШ, против Реал во Мадрид досудил и пенал и црвен картон против Кралскиот клуб. Затоа во Реал веројатно нема да им се допадне што тој ќе дели правда. Но, Орсато беше на терен и кога Реал во 2015 година го разби Малме со 8-0 и кога Реал победи на гости кај Галатасарај со 1-0.

Орсато не му носеше среќа на Челзи во минатото, на лондонските Сини им останува надеж дека асега ќе биде трета среќа. Кога судел Орсато, Челзи има пораз од Базел од 1-2, и нерешени 1-1 против Марибор.

- Оглас -

Најнови вести