Килијан Мбапе кој за првпат е во Камерун (родната земја на татко му), во интервју за „Франс фудбал“ упати критики кон неговиот клуб Пари Сен Жермен.
Мбапе рече дека играњето за ПСЖ и во француската лига е хендикеп кога станува збор за освојување на „Златната топка“ за играч на годината, а за неуспехот во Лигата на шампионите, кажа дека вината не е кај него.
„Секогаш сакам да победувам, никогаш не сум задоволен, и затоа луѓето некогаш мислат дека сум арогантен. Не знам што му фали на ПСЖ за да ја освои Лигата на шампионите, тоа не е прашање за мене, туку за овие што го прават и организираат составот. Јас сезонава дадов 40 гола за тимот, бев прв стрелец. Се надевам дека еден ден ќе ја освојам Златната топка. Играњето во ПСЖ не помага за нејзино освојување“ – вели Мбапе.