Мбапе играше меч со маската и даде два гола, а имаше и две асистенции

Најдобриот фудбалер на Франција Килијан Мбапе повторно заигра за својата репрезентација по повредата на носот заработена во првото коло на Европското првенство.

Мбапе играше на контролниот меч против У21 тимот на Падерборн и успеа да постигне два гола, а имаше и две асистенции. Овој тренинг меч се играше два пати по 30 минути.

Мбапе носеше заштитна маска, а играше на позицијата лево крило додека во нападот прва опција беше Оливие Жиру.

Франција во првото коло славеше над Австрија со 1:0, а потоа без Мбапе во тимот одигра без голови против Холандија. Противник во третото коло на Галските петли е Полска која нема никакви шанси за пласман во нокаут фазата.

- Оглас -

Најнови вести