Франција во драматичен меч загуби од Шпанија со 5-4 во полуфиналето од Лигата на нации, но дури откако губеше со 5-1, па со три брзи гола се врати резултатски, а на крајот имаше време дури и да се избори за продолженија.
Главниот судија на мечот, Мајкл Оливер, покажа дека ќе се играат пет дополнителни минути, а и на преносот можеше да се забележи дека Мбапе постојано протестира околу времето за игра. Французинот тоа го повтори и после натпреварот.
„Не се согласив со судијата околу реалното време за игра. Ако продолжението е пет минути, тогаш толку и нека се игра.“ – рече Мбапе.
Статистичарите пресметаа дека од петте дополнителни минути кои беа покажани, активно се играло само 165 секунди. Дури 195 секунди биле загубени во повреди, измени и задржување на време, па мечот траеше една минута подолго од тоа што беше најавено.