13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Мбапе има 24 години, а веќе дојде до 250 голови во клупската кариера (Видео)

Голот кој го постигна денеска Килијан Мбапе на мечот помеѓу Брест и Пари Сен Жермен, е 250-ти во неговата клупска кариера.

Мбапе има дадено 27 гола за Монако и 223 за ПСЖ во сите натпреварувања, што е одлична бројка ако се знае дека тој уште нема ни 25 години, толку ќе наполни во декември.

Првиот гол Мбапе го постигна во февруари 2016 година на мечот Монако – Троа, и веќе седум и пол години неуморно ги тресе противничките мрежи.

Ова е голот број 250 за Мбапе во клупската кариера, а 173-ти во француската Лига 1:

https://twitter.com/i/status/1718607995087569279

- Оглас -

Најнови вести