Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, поставил три услови под кои би останал во клубот.
Според изворите, 24-годишниот Французин сака Светците да го продадат Нејмар, а да го купат Хари Кејн од Тотенхем и за тренер да се ангажира Зинедин Зидан.
ПСЖ и летоска се обиде да го продаде Бразилецот, но не се јавија заинтересирани купувачи. Договорот на Кејн со Тотенхем му е до летото 2024, а Зидан е слободен и разочаран што нема да биде селектор на Франција.
Ако не се исполнат желбите на Мбапе, напаѓачот се заканил дека ќе си оди следното лето или на крајот на договорот во 2025 како слободен играч, без ПСЖ да добие отштета.