Мбапе испиша историја на Светските првенства

Напаѓачот на ПСЖ и на француската репрезентација, Килијан Мпабе со првиот од двата гола постигнати против Полска во осминафиналето, испиша историја на Светските првенства.

Мбапе е првиот фудбалер во историјата што дошол до бројката од осум гола на Светските првенства пред да наполни 24 години.

Франција со 3:1 ја совлада Полска и обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот во Катар, а голот со кој Мбапе се запиша во историјата го постигна во 74-та минута.

Одличниот напаѓач во судиското продолжение постигна уште еде гол доаѓајќи до бројката од девет гола, и доколку настапи на следните две-три првенства, најверојатно ќе стане и најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Актуелен рекордер по бројот на постигнати голови е Мирослав Клосе со 16 гола, а еден помалку има Бразилецот Роналдо.

- Оглас -

Најнови вести