Шпанската „Марка“ објави фотографии од Килијан Мбапе, кој изгледа непрепознатливо по хоспитализацијата за време на Светското клупско првенство во САД. Французинот изгубил пет килограми, но иако се вратил на тренинзите на Реал Мадрид, сепак тешко е да се очекува дека ќе добие шанса од Чаби Алонсо да настапи на мечот против Салцбург.
Претходно Мбапе ги пропушти дуелите против Ал-Хилал (1-1) и Пачука (3-1).