Францускиот ас Килијан Мбапе наскоро ќе го носи истиот број на дрес и во клубот и во репрезентацијата – легендарната „десетка“.
Според „Марка“, Реал Мадрид планира да го додели дресот со број „10“ на француската ѕвезда по заминувањето на Лука Модриќ, што треба да се случи по завршувањето на Светското клупско првенство.
Мбапе пристигна во Реал минатото лето и го презеде дресот со број „9“, кој остана слободен по заминувањето на Карим Бензема. Во дебитантската сезона на „Сантијаго Бернабеу“ постигна 43 гола, освојувајќи ја наградата „Пичичи“ за најдобар стрелец во Ла Лига и Златната копачка за најдобар стрелец во Европа.
Иако самиот не побарал промена на бројот, клубот смета дека бројот „10“ е логичен чекор и би го означил симболичниот почеток на новата ера, каде што Мбапе би станал не само лидер на теренот, туку и големо маркетиншко лице на клубот.