Килијан Мбапе веќе на големо ги прави плановите за негова преселба од Пари Сен Жермен во Реал Мадрид. На Мбапе летово му истекува договорот со ПСЖ и потоа како слободен играч ќе може да потпише договор со Кралскиот клуб.
Според шпанските медиуми, Мбапе веќе купил и вила во која ќе треба да живее додека е во Мадрид. Се работи за вилата која досега беше на Серхио Рамос. Повеќе од една и пол деценија Рамос го носеше дресот на Реал Мадрид, а потоа замина во ПСЖ каде беше соиграч и со Мбапе.
Според пишувањата, 18 милиони евра чини луксузната вила која Рамос му ја продал на Мбапе, а во неа има 20 тоалети, теретана, базен со греење, мал терен за играње фудбал… Вилата е со површина од 1.000 квадрати, а вкупната површина на земјиштето е 12.000 метри квадратни.