Мбапе ја откачи трансродната манекенка и се вљуби во белгиска убавица која има дете со екс играч на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе, се уште се наоѓа во центарот на вниманието на јавноста, прво бидејќи беше цел на навреди на голманот на Гаучосите, Емилијано Мартинез, како и на аргентинските навивачи, а сега поради неговиот љубовен живот.

Француските медиуми претходно пишуваа дека се е во врска со Инес Рау, трансродна манекенка, а сега тврдат дека тој е вљубен во Роуз Бертрам.

Белгиската манекенка и претходно се поврзуваше со Мбапе, а во минатата беше во врска со поранешниот фудбалер на ПСЖ, Грегори ван дер Вил со кого во 2018 година доби дете.

Претходната девојка на Мбапе беше трансродната манекенка Инер Рау која била родена како машко, но пред 16 години го променила полот.

 

- Оглас -

Најнови вести