Килијан Мбапе ја растури Барселона во двомечот од осминафиналето во Лигата на шампионите и урна два рекорди.
Францускиот ас беше незадржлив, особено на првиот меч на „Камп Ноу“ кога имаше феноменално шоу зачинето со хет-трик, а и вчера беше стрелец на еден гол во реваншот во Париз, со што стана единствениот фудбалер, кој и дал четири гола во двомеч на Барселона во Лигата на шампионите.
Со вкупен резултат од 5:2, Пари Сен Жермен ја елиминира Барселона, а Мбапе во една категорија го детронизира Лионел Меси и стана рекордер.
22y 80d – Aged 22 years and 80 days, Kylian Mbappé has become the youngest player in UEFA Champions League history to reach 25 goals in the competition, taking the mantle from Lionel Messi (22y 286d). Idolise. pic.twitter.com/bPetOpNyri
— OptaJoe (@OptaJoe) March 10, 2021
Со 22 години и 80 дена Килијан е најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампионите што успеал да постигне 25 голови. До вчера рекордот го држеше Меси со 22 години и 286 дена, а во топ-5 се и Раул Гонзалес, Карим Бензема и Тјери Анри.