Килијан Мбапе изненади со новата фризура, а коментарите на социјалните мрежи се претежно сеирџиски. Францускиот репрезентативец и прв стрелец во Лига 1 се одлучи за предновогодишно освежување со светлосина боја на косата.
Новиот изглед на шпицот на ПСЖ не им се допадна на сите, па има и многу сеир за чудниот нов изглед на еден од најскапите светски фудбалери.
Мбапе се пофали на „Инстаграм“, а веднаш му коментираа неговите соиграчи Ди Марија и Пембеле, но и Орие, Обамејанг и уште неколку познати фудбалски ѕвезди.
Вечерва од 21 часот се очекува Килијан да го предводи нападот на ПСЖ против Лориен во меч од 15-тото коло во најсилната француска лига.