Карим Бензема му се налути на пријателот и партнер од нападот на француската репрезентација, Килијан Мбапе, за одлуката да остане во Пари Сен Жермен. Бензема веруваше дека Мбапе ќе му се придружи во Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.
Бензема со своите објави и реакции на Инстаграм, покажа што мисли за одлуката за Мбапе. Најпрвин објави фотографија која асоцира дека Реал е поголем од било која ѕвезда.
Потоа, Бензема беше уште подиректен и го обвини Мбапе за предавство. Објави слика од раперот Тупак Шакур и во позадина човекот кој го предаде и му работеше зад грб.
Мбапе во интервју за „Марка“, рече дека кога ќе се види со Бензема на собирот на француската репрезентација, ќе му објасни зошто останува со ПСЖ.
„Ги видов негативните реакции на некои играчи на Реал Мадрид на социјалните мрежи. Немам што да коментирам. Имам добар однос со Карим, се разбира дека кога ќе се видам со него, ќе му објаснам зошто останав во ПСЖ“ – рече Мбапе, кој повтори дека ќе навива за Реал во финалето на ЛШ, а призна дека имал понуда и од Ливерпул, клуб за кој навива неговата мајка, но таа понуда не ја земал во предвид.