15.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Мбапе ќе паузира две недели, но ќе биде подготвен за двобојот со Сити во ЛШ

Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе паузира во наредните две седмици поради повреда на коленото. Тој не настапи и на реваншот од осминафиналето против Бенфика во Лигата на шампионите, а нема да биде достапен за тренерот Алваро Арбелоа и за дуелите против Хетафе на домашен терен и против Селта на гости во Ла Лига.

Мисијата на Мбапе и на медицинскиот тим е тој да биде максимално подготвен за првата пресметка против Манчестер сити во осминафиналето на ЛШ која е закажана за 10 март на „Сантијаго Бернабеу“.

Дуелот меѓу Кралскиот клуб и Граѓаните и оваа сезона ќе го одбележи натпреварувањето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести