15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Мбапе ќе се откаже од вистинско богатство за да потпише за Реал Мадрид

Иако многумина сметаа дека Килијан Мбапе потпишал нов договор со ПСЖ со важност до 2025-тата година, сепак, на крајот се покажа дека фудбалерот и клубот немаат потпишано ништо и репрезентативецот на Франција ќе биде слободен фудбалер налето.

Речиси секој преоден рок го поврзуваат со Реал Мадрид, но се чини дека во јуни ќе се реализира тој трансфер. Иако ПСЖ му нуди далеку поголема плата, но и други бенифиции, сепак, Мбапе сака да игра за „кралскиот“ клуб. Флорентино Перес минатото лето му нудеше бонус за да потпише како слободен фудбалер од 130 милиони евра, но сега таа сума е само 50 милиони евра. Платата е истата што му ја нудеа и минатата година, 26 милиони евра, далеку помалку од неговата заработка во ПСЖ, но и со ваква плата тој ќе биде убедливо најплатениот фудбалер на Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести