Нови девет натпревари се играат денеска во Лига шампиони, а дури 78 фудбалери се најдоа во понудата за „шутеви во рамки на гол“. Ако се знае дека на вчерашните девет средби беа постигнати неверојатни 43 голови, што е просек од 4,77 погодоци на меч, јасно е дека офанзивните играчи беа расположени за шутирање.
Ако тој интензитет продолжи и денеска, може да се очекува напаѓачите често да шутираат во рамките на противничките голови.
Виктор Осимен да има над 1,5 шутеви во рамките на голот на Бодо/Глимт е со квота од 1.50. Франциско Тринкао да има два или повеќе шутеви во рамките на голот на Олимпик Марсеј е со квота од 2.65.
Одлични квоти има за големите ѕвезди како што се Мохамед Салах, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Винисиус јуниор…