20.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Мбапе: Клубовите нè плаќаат, но националниот тим е најважен, му кажав на Реал дека сакам да играм

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, на прес-конференција пред утрешниот меч на Франција со Азербејџан зборуваше за својата повреда и зошто одлучил да лета за француската репрезентација и покрај проблемите со зглобот на ногата.

„Отсекогаш било така, клубовите нè плаќаат, но за играчите националниот тим е најважната работа, таа е бесценета. Имаа разбирање во Мадрид. Имам мал проблем со глуждот, но реков дека сакам да играм, а од клубот не ми поставија никакви ограничувања. Денеска ќе тренирам, би сакал да играм утре и можеби да го стигнам Жиру, хахаха“, рече Мбапе, кој за Триколорите има постигнато 5 гола помалку од рекордерот Оливие Жиру.

- Оглас -

Најнови вести