4.8 C
Skopje
понеделник, 1 декември 2025

Мбапе критикува: Мора да ја смениме динамиката

Килијан Мбапе преку „Инстаграм“ испрати порака до својот Реал Мадрид по третото реми по ред на гостувањата, по кое тимот веќе не е прв на табелата, иако само пред четири кола имаше предност од пет бода во однос на втората Барселона.

„Ова не е резултатот што го сакавме вечерва. Но, лигата продолжува, многу е долга. Мора да ја промениме динамиката и да покажеме кои сме како тим“, сподели Мбапе со своите повеќе од 128 милиони следбеници на „Инстаграм“.

Французинот има 23 гола на 19 натпревари сезонава и како да е осамен во нападот, фалат голови од другите играчи. Целиот тим на Реал има 41 гол сезонава, што значи дека Мбапе даде 56 проценти од головите. 

- Оглас -

Најнови вести