Мбапе куртули од операција на носот, се враќа во Мадрид на 8 август

Француската ѕвезда Килијан Мбапе нема да има потреба од операција поради скршениот нос, повреда што ја заработи на Европското првенство, тврди „АС“. Според информации од извори блиски до Реал Мадрид, а врз основа на прелиминарните резултати од медицинските прегледи во клубот, состојбата со носот на Мбапе е добра. Независно од тоа, неговата состојба и понатаму ќе се следи преку чести тестови.

Францускиот репрезентативец вчера беше претставен на „Сантијаго Бернабеу“. Тој се здоби со повреда на носот за време на натпреварот меѓу Франција и Австрија, поради што подоцна носеше маска.

Одморот за Французинот ќе трае до 8 август, кога ќе се врати назад во Мадрид. Тој ќе ја пропушти американската турнеја на тимот.

Мбапе е амбициран да игра уште во натпреварот за Суперкупот на Европа против Аталанта на 14 август.

- Оглас -

Најнови вести