Мбапе: Лукас ме убедува да потпишам за Баерн

Килијан Мбапе за германскиот медиум „Билд“ откри дека еден од репрезентативните колеги го убедува да потпише за Баерн Минхен.

Токму дефанзивецот на Баварците, Лукас Ернандес, е играчот кој ја советува младата ѕвезда на триколорите да се пресели во Германија, меѓутоа Мбапе засега е среќен во Париз.

„Точно е дека Лукас ме бара да одам кај него во Баерн. Никогаш не знаете што може да се случи во фудбалот. Иднината е непредвидлива, меѓутоа јас сум среќен во ПСЖ. Што се однесува до Баерн, факт е дека е меѓу топ 5 клубовите во Европа. Можеме само да им честитаме за начинот на којшто го одржуваат квалитетот од година во година. Таму сите одлично си ја вршат работата и затоа се на врвот“, посочи Мбапе.

Инаку, најдобриот играч на светските шампиони го очекува бурно лето во кое ќе мора да одлучи дали ќе остане во Париз и ќе ја продолжи соработката со Светците или пак ќе си го оствари сонот наречен Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести