13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Мбапе мора да си бара нов агент, мајка му ја нема новата лиценца која ја бара ФИФА

Иднината на најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе можеби не е во рацете на мајка му Фајза Ламари.

Мајката Фајза е и агент на Мбапе во последните години. Сите преговори и финансиски операции одеа преку неа, но сега ФИФА ги смени правилата и според новините, Ламари веќе ја нема потребната лиценца и нејзиното име го нема на листата од илјадници регистрирани агенти.

Без таа лиценца, Фајза не може да го застапува фудбалерот, ниту да преговара за договори и проценти, дури ни индиректно. Мајката на Мбапе може да ја добие таа лиценца најрано во мај следната година.

- Оглас -

Најнови вести