Поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе, им честиташе на парижаните за нивниот историски триумф во Лигата на шампионите, каде што го поразија Интер со убедливи 5-0 и за првпат го освоија трофејот.
„Големиот ден конечно дојде. Победа за клубот, и тоа со стил. Честитки ПСЖ!“, напиша Мбапе на социјалните мрежи.

Иронијата во целата ситуација е што токму Мбапе летово си замина од „Паркот на принцовите“ и прејде во Реал Мадрид со надеж дека конечно ќе ја освои Лигата на шампионите.
Сепак, Реал беше елиминиран уште во четвртфиналето од Арсенал, додека ПСЖ славеше во негово отсуство.