Килијан Мбапе преку социјалните мрежи изрази незадоволство и несогласување што беше користен неговиот лик во кампањата за продажба на претплатни билети за сезоната.
„Во ниту еден момент не бев информиран за ова. Не се согласувам со објавеното видео. Ете затоа се борам за индивидуалните права на лик и слики. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но тоа не е Килијан Сен Жермен“, напиша Мбапе.
Мбапе е единствениот фудбалер кој говори во промотивниот филм. Ги нема другите големи ѕвезди, како Лионел Меси и Нејмар. Во клипот се и некои од талентите, како Заир-Емери, Гарби и Усни, како и Нуно Мендеш и градинарот на стадионот.
Мбапе не учествува во реклами и за националниот тим на Франција.