14.8 C
Skopje
сабота, 11 октомври 2025

Мбапе на десетти меч по ред даде гол, па се повреди и се врати во Мадрид

Килијан Мбапе е во неверојатна голгетерска серија, синоќа погоди и против Азербејџан, што му беше десетти официјален натпревар по ред на кој дава гол.

Но, во финишот го напушти теренот со болки во глуждот во ногата, проблем кој го влече од дуелот на Реал Мадрид против Вилјареал.

Мбапе ризикуваше, сакаше да игра против Азербејџан, но сега ногата му е во полоша состојба отколку пред да се приклучи на националниот тим. Тој замина во Мадрид и нема да игра против Исланд в понеделник кој е поважен меч од тој со Азербејџан, туку ќе одмара.

 

- Оглас -

Најнови вести