Реал Мадрид на дерби натпреварот со Манчестер сити вечерва од 21 часот, нема да смета целосно на услугите на Килијан Мбапе, барем не од првата минута.
Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите има две повреди, скршен прст на раката и ситна мускулна повреда на ногата, па тренерот Чаби Алонсо не сака да ризикува и да форсира со Французинот, па го остави на клупата за резерви.
Формацијата на Реал е 4-3-3, а мало изненадување е што шанса од прва минута добиваат Гонзало и Родриго, додека го нема Ѓулер кој не е „компатибилен“ со Белингам и кога се заедно на терен, тимот лошо функционира. Инаку, според некои добро информирани шпански медиуми, Реал сепак нема да го отпушти Чаби Алонсо ако загубат вечерва од Сити и ќе се чека исходот на Суперкупот на Шпанија во јануари, кога Реал би бил покомплетен од тоа што е сега.
Сити тргнува со ултра офанзивен состав со Халанд како деветка, а зад него се Доку, Шерки, Фоден, Бернардо Силва.


