Мбапе наброја пет најдобри соиграчи, нема ниту еден од Реал Мадрид

Килијан Мбапе само неколку месеци е дел од тимот на Реал Мадрид, а веќе се радуваше на два трофеи, тие во Суперкупот на УЕФА и Интерконтинеталниот трофеј. Францускиот голгетер вчера наполни 26 години, а во роденденско интервју, ги наброи имињата на петмината најдобри фудбалери со кои играл досега.

Интересно е дека во листата на Мбапе на петмина најдобри соиграчи нема место за ниту еден негов сегашен соиграч од Реал Мадрид.

„Досега имам играно со многу сјајни фудбалери како што се Лионел Меси, Нејмар, Антоан Гризман, Пол Погба и Карим Бензема“, рече Мбапе во набројувањето.

Французинот не заборави да потенцира дека му е жал што никогаш не играл во ист тим заедно со Кристијано Роналдо.

„Би било интересно да заиграм заедно во ист тим со Кристијано Роналдо. Сепак, тоа сега е многу тешко остварливо. Сепак, имав среќа да играм против него на теренот, тој е легенда на нашиот спорт“, додаде Мбапе.

Голгетерот уште еднаш потврди дека Реал Мадрид бил единствениот клуб поради кој можело да си замине од Пари Сен Жермен, па така и се случи. „Дојдов во најголемиот клуб во светот. Секогаш сум велел дека од ПСЖ може да си заминам само ако заиграм во Реал. Да не постоеше опција да дојдам во Реал, цела кариера ќе ја поминев во ПСЖ“, потенцираше Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести