Килијан Мбапе несомнено е еден од најдобрите играчи на денешницата и фудбалер кој треба да биде во фокусот на светскиот фудбал во годините кои следат. Голгетерот започна во Монако, а во 2017 година направи трансфер во Пари Сен Жермен и уште е дел од оваа екипа. Во 285 меча тој досега има постигнато 238 погодоци, што само зборува за неговиот квалитет.
Сепак, многумина сметаат дека Мбапе мора да си замине од ПСЖ и да заигра за некој друг поголем европски клуб. Сепак, постојат и шпекулации дека Мбапе може да си замине од Европа, а фудбалерот објасни дека и тоа да се случи, е нешто нормално, но секако нема да биде во блиска иднина.
„Многу големи играчи кои оставија трага во светскиот фудбал, минатото лето си заминаа од Европа. Влегуваме во нова ера на фудбалот. Тоа е нормален циклус во овој спорт. Ќе дојде момент кога ќе биде и мој ред да си заминам. тие промени не ме засегаат. Јас само мислам на мојата кариера и на мојот пат“, рече Мбапе, кој додаде дека негова желба е да игра за Франција на Олимписките игри во 2024 година на кои домаќин е Париз.