Мбапе: Наредната сезона ќе играм за голем клуб

Килијан Мбапе летово беше блиску до преселба во Реал Мадрид, но тоа не се случи.

Раководството на ПСЖ ја одби понудата од 200 милиони евра за младиот Французин, чиј договор со клубот му истекува во јуни и ризикува да не добие никаква отштета.

Сепак, во последно време се појавија шпекулации за продолжување на договорот, но, според тие, барањата на Мбапе се нереални.

Тој наводно бара да биде убедливо најплатен играч во ПСЖ, што ќе значи дека Насер Ал-Келаифи ќе треба добро да го одврзе ќесето.

„Не знам што ќе направам, не е лесна одлуката, но знам дека ќе играм за голем клуб во наредната сезона.

Летово бев разочаран зошто не ме пуштија да одам, но ПСЖ е тим којшто се бори за титулата во Лигата на шампионите, а не игра во третата лига.

Јас сум Парижанин и овде се чувствувам како дома, но секогаш велам дека треба да се проба нешто ново“, изјави Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести