2.8 C
Skopje
петок, 26 декември 2025

Мбапе навива за Мароко, но не поради неговиот соиграч од Реал Мадрид

Напаѓачот на Реал Мадрид, Французинот Килијан Мбапе, присуствува на натпреварот на мароканската репрезентација против Мали на Африканскиот куп на нации.

За селекцијата на Мароко игра тимскиот колега на Мбапе од Реал, Брахим Дијаз, но Мбапе не е таму поради него.

Мбапе го носи дресот со број 2, бројот на неговиот близок пријател и поранешен соиграч од ПСЖ, бекот Ашраф ХакимиХакими кој се повреди на почетокот на ноември, вечерва почна на клупата за резерви.

Мбапе беше покажан на големиот екран на стадионот во Рабат што предизвика овации.

- Оглас -

Најнови вести