Мбапе не е поголем од ПСЖ

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе откако потпиша нов договор со ПСЖ, стана главна вест во медиумите не само поради игрите туку и поради однесувањето на теренот.

Француските медиуми пишуваат дека Мбапе со потписот на новиот договор, добил големи овластувања, а фудбалерот тоа често го покажуваше и на теренот, кога се однесуваше како разгалено дете и влегуваше во расправии со останатите ѕвезди на тимот, Лионел Меси и Нејмар.

Медиумите исто така сметаат дека челниците на ПСЖ згрешија што му дадоа големи овластувања на Мбапе, но така не мисли тренерот на Светците, Кристоф Галтие.

„Не е точно дека Килијан е над клубот. Тој донесе тешка одлука, го сака ПСЖ, но исто така размислуваше и за трансфер во друг голем тим, Реал Мадрид. На крајот донесе одлука да остане во Париз и тоа е добра работа за Лига 1, за соиграчите, за ПСЖ и за мене. Дали Килијан е над ПСЖ? Не, тоа не е точно. Тој е на исто ниво како и останатите играчи“, изјави Галтие.

- Оглас -

Најнови вести