Килијан Мбапе не е во почетниот состав на Пари Сен Жермен на вечерашното гостување кај Нант, и тоа предизвика лутина кај ѕвездата.
Мбапе беше снимен при влезот на стадион, и очигледно одлуката да биде резерва не му се допадна. Тој пред неколку дена го информирал ПСЖ дека ќе го напушти клубот летово, па не се знае дали со ова Светците сакаат да го казнат на некој начин, или само тренерот Луис Енрике сака да ја поштеди својата ѕвезда за поважните мечеви.
Ова е видеото во кое Мбапе се гледа дека е налутен и само кратко им крена рака на навивачите за да ги поздрави:
https://twitter.com/i/status/1758938209898172875