Мбапе: Не е тешко да се избере меѓу Реал и пари, тука дојдов за да играм со Винисиус

Во интервју за „Ла Секста“, Килијан Мбапе рече дека уште како дете знаел дека кога-тогаш ќе заигра во Реал Мадрид, клубот го обожува заради Зинедин Зидан, подоцна и Кристијано Роналдо, а сега го привлекло играњето заедно со Винисиус.

„Сакав да играм за Реал Мадрид. И не беше тешка одлуката да бирам помеѓу Реал Мадрид и парите. Единственото нешто што сакав беше да играм овде, со овој дрес. Најважно ми е да бидам среќен на теренот, секогаш знаев дека ќе заиграм за Реал“, вели Мбапе.

Запрашан да одбере помеѓу Златна топка или Лига на шампиони, Мбапе изјави дека претпочита да ја освои ЛШ.

За односот со Винисиус, тој има само позитивни коментари, иако двајцата сакаат да играат на иста позиција и во „битка“ се за тоа кој да биде прв изведувач на пенали. Очигледно е сезонава дека кога Мбапе игра послабо, Винисиус е добар, и обратно, периодов Французинот е во подобра форма.

„Односот ни е многу добар. Јас дојдов во Мадрид со идеја да играм со Вини, не можам да го замислам Реал Мадрид без него. Вистина е дека може да биде подобро, луѓето секогаш очекуваат повеќе од нас и тоа е нормално, но мислам дека играме добро заедно и сега сме во одлучувачкиот дел од сезоната и ќе се обидеме да му помогнеме на Реал Мадрид колку што можеме“, вели францускиот напаѓач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести